DanielJoskovski
Модератор
  
150 Пораки |
Posted - 25/02/2004 : 02:33:51
|
Сакав да сменам нешто во профилот, и нормално кликнав на FAQ и таму најдов прашање
Како ли да го сменам профилот ?
Бидејќи не верувам дека FAQ-от го пишувал Кочо Рацин, разгледав малку наоколу (неколку реда од Потписи горе и долу) и прво што забележав е неконзистентност, некогаш на корисниците во одговорите им се обраќате на ти а некогаш ги персирате. Второ, има повеќе пати вишок букви. Би предложил во порелаксирани услови тој што е одговорен за преводот да се наврати на истиот, и да се отстранат недоследностите. Сугестијата е добронамерна, не би сакал да бидам погрешно разбран, но сметам дека FAQ-от треба да ја следи сериозноста на форумот.
Поздрав, Даниел
|
|