СТАТУТ
Врз основа на членовите 5 и 18 од Законот
за здруженија на граѓани и фондации Собранието на основачите
(Основачкото собрание) на Професионалната асоцијација
за SQL сервер - Регионална група за Македонија на ден
_____________ година во Скопје го донесува следниот
С Т А Т У Т
на Професионалната асоцијација за
SQL сервер и Microsoft развојна технологија
Регионална група за Македонија
ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 1
(име, седиште, територија)
Името здружението е: Професионална
асоцијација за еС-Ку-еЛ сервер - Регионална група за
Македонија.
Скратената ознака на името на здружението е: ПАСС Македонија.
Кратенката на името на здружението е: ПАССМ.
Седиштето на здружението е во Скопје на ____________________________.
Здружението ќе делува на територијата на Република Македонија.
Член 2
(дефиниција)
Професионалната асоцијација за SQL
сервер и Microsoft развојна технологија - Регионална група за Македонија (понатаму: ПАССМ
или Група) е доброволно, неполитичко и непрофитно здружение
на граѓани отворено за сите физички и правни лица кои
ги исполнуваат условите од овој Статут.
Член 3
(цели и задачи)
Целите и задачите(Мисијата) на ПАССМ
се
- да обезбеди ефикасни начини за размена на знаење и
искуство во врска со Микрософт продуктите за равој на апликации и работа
со бази на податоци помеѓу членовите на здружението,
- да го охрабрува и помага професионалниот развој на
членовите,
- да воспостави комуникација и соработка со сродните
домашни и странски здруженија,
- да организира и да учествува на презентации, семинари,
конференции и слични манифестации.
Член 4
(начини и облици на дејствување)
Својата Мисија ПАССМ ја оставрува преку
организирање и учество на стручни семинари и конференции
во земјата и во странство, преку издавање стручна литература,
преку поставување веб страни, организирање на интернет
форуми и слично.
Член 5
(претставување и застапување)
ПАССМ го застапува неговиот претседател,
а по овластување на Извршниот одбор и други лица, во
рамките на даденото овластување.
ПАССМ го претставува неговиот претседател, а по негово
овластување или по овластување на Извршниот одбор и
други лица, во рамките на даденото овластување.
Претседателот и секој друг овластен претставник или
застапник на ПАСС е должен да се придржува кон евентаулните
ограничувања и услови за претставување (застапување)
утврдени со овој Стаут и актите на Собранието и Извршниот
одбор.
Член 7
(јавност)
Работата на ПАССМ е јавна.
Јавноста во работата на ПАССМ се остварува преку издавање
на соопштенија и информативни публикации, гостувања
на медиуми, поставување веб страни и на други соодветни
начини.
Одговорен за обезбедување на јавноста во работата на
ПАССМ е Извршниот одбор.
Член 8
(услови)
Член на ПАССМ може да биде секој полнолетен
граѓанин - државјанин на РМ или на друга држава (индивиудуален
член) и секое правно лице регистрирано во РМ (колективен
член), доколку ја прифаќа Мисијата на ПАССМ.
Член 9
(обврски)
Обврска на секоја член на ПАССМ е редовно
да плаќа членарина, редовно да учествува на седниците
на Собранието и активностите на ПАССМ и да ги почитува
и да се придржува кон Статутот, Програмата и другите
акти на ПАССМ.
Член 10
(права)
Секој член на ПАССМ има право да го
користи поволностите кои евентуално им се обезбедени
на членовите на ПАССМ, да учествува на седниците на
Собранието на ПАССМ и да бира и да биде биран во органите
на ПАССМ, на начин, по постапка и под услови утврдени
со актите на ПАССМ.
Член 11
(зачленување)
Зачленувањето во ПАССМ се врши со Пристапница
која се доставува до претседателот или секретарот на
ПАССМ. Образецот на Пристапницата го утврдува И за прием
во членство одлучува Извршниот одбор на ПАССМ.
Член 13
(членарина)
Видовите, висината, начинот, постапката
и условите за плаќање на членарина ги утврдува Извршниот
одбор на ПАССМ.
ОРГАНИ
Член 15
(органи)
Органи на ПАССМ се: Собрание, Извршен
одбор и Надзорен одбор.
Членствата во Извршниот и Надзорниот одбор се меѓусебе
неспојиви.
Сите органи ги извршуваат своите задачи и надлежности
во согласност со овој Статут и другите акти на ПАССМ.
СОБРАНИЕ
Член 16
(надлежности)
Собранието е највисок и конститутивен
орган на ПАССМ кој:
- донесува Статут и Програма, со двотретинско мнозинство
од присутните;
- донесува други општи акти и Деловник за својата работа;
- усвојува годишен извештај, насоки и план за работа;
- усвојува завршна сметка и финансиски план;
- одлучува за промена на целта на здружувањето;
- одлучува за основање и укинување на ограноци и други
облици на организирање;
- одлучува за здружување или разделување од друго здружение
и за зачленување во сојузи и меѓународни организации;
- констатира прием на нови членови и престанок на членувањето;
- избира органи на ПАССМ;
- одлучува за престанок на ПАССМ, со двотретинско мнозинство
од присутните;
- одлучува и за други прашања кои не се во надлежност
на другите тела на ПАССМ;
- врши и други работи во согласност со Статутот и општите
акти на ПАССМ.
Член 18
(седници)
Собранието работи на редовни и вонредни
седници.
Седниците се свикуваат со Покана во која задожлително
се наведени времето и местото на одржување на седницата,
а за вонредни седници и предлогот на дневниот ред. Поканата
се доставува во рок не покус од 10 дена и не подолг
од 50 дена пред одржувањето на седницата.
НАДЗОРЕН ОДБОР
Член 35
(надлежности)
Надзорниот одбор (НО) е контролен орган
на ПАССМ кој:
- врши контрола на наменско користење и располагање
со средствата и приходите;
- врши контрола на спроведувањето на Статутот и актите
на Собранието;
- за своите наоди и забалешки ги известува ИО и Собранието;
- донесува Деловник за својата работа;
- врши и други работи утврдени со овој Статут и актите
на Собранието и
- за својата работа одговара пред Собранието.
Член 36
(состав, избори, мандати)
НО го сочинуваат 3-5 членови кои ги
избира Собранието, на начин, по постапка, под услови
и со мандат идентични со оние за избрани членови на
ИО.
СТРУЧНА СЛУЖБА
Член 41
(опис)
ПАССМ може да има Стручна служба која
ќе пружа административна, техничка и стручна подршка
на органите, телата и функционерите на ПАССМ и ќе го
олеснува секојдневното водење на работите.
Организацијата, систематизацијата и начинот на работа
на Стручната служба ги уредува ИО.
ФУНКЦИОНЕРИ
Член 42
(функционери)
Како фунционери на ПАССМ ќе се сметаат:
претседателот, потпретседателот, претходниот претседател,
секретарот, благајникот и други лица одредени како такви
од страна на ИО.
Сите функционери ги извршуваат своите задачи и надлежности
во согласност со овој Статут и другите акти на ПАССМ.
Член 43
(претседател)
Претседателот е главен извршен функционер
и како таков:
- под контрола на ИО, врши генерален надзор над работата
на ПАССМ,
- има генерална одговорност за администрирањето на ПАССМ
и за извршувањето на плановите и политиките утврдени
од Собранието и ИО,
- предлага секретар и благајник на ПАССМ,
- со согласност од ИО може да делегира одредени одговорности
на членови или работни тела на ИО,
- претставува официјален претставник и гласноговорник
на ПАССМ.
- со согласност од ИО, именува/разрешува членува на
работни тела и нивни претседатели (раководители), сем
во случаи утврдени со овој Статут,
- обавува други работи пропишани или доверени од страна
на Собранието или ИО.
РАБОТНИ ТЕЛА
Член 49
(работни тела)
Како работни тела на ПАССМ ќе се сметаат:
постојани работни тела, посебни работни тела и тимови.
Постојаните и посебните работни тела се колективни тела,
со свој претседател и членови, кои сите одлуки ги донесуваат
колективно (со гласање), согласно овој Статут.
Тимовите се целно-ориентирани групи, со свој раководител
и членови, каде одлуките ги донесува раководителот на
тимот.
МАТЕРИЈАЛНО-ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ
Член 54
(општо)
Материјално-финансиското работење на
ПАССМ се врши врз основа на финансиски план (буџет)
и во согласност со законските прописи и актите на ПАССМ.
Секој член на ПАССМ има право да бара да изврши увид
во користењето на средствата и приходите на ПАССМ, со
доставување писмено барање до благајникот, кој е должен
тоа да го овозможи во рок од 30 дена, сем во посебни
случаи утврдени од страна на ИО.
Надзорниот одбор има право на постојан и непречен увид
секогаш кога тоа ќе го побара, што е должен да го обезбеди
благајникот и другите надлежни функционери и службени
лица на ПАССМ.
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 59
(состав на органите и телата)
Во вкупниот број на членови на било
кој орган или тело на ПАССМ нема да се сметаат неизбраните
(неименуваните) и упразнетите места.
|